fbpx

Дваесет и три годишен жител на Пиперево повреден по излетување на автомобил кај Турново

Утрово околу 04:15 часот на магистралниот пат А4 во село Турново, патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(22) од село Куклиш, излетало надвор од коловозот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата, сопатникот Б.Г.(23) од од село Пиперево се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

По овластување од Јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.  

Share via
Copy link