„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Средба на градоначалникот Костадинов со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво
-Денеска остварив средба со претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валентина Дисоска, на којашто главна тема беше развојот на женското претприемништво.Дисоска ги претстави целите на проектот, меѓу кои главните се градење на Националната платформи како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси, олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво, промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика, а се интересираше за плановите на општина Струмица во однос на унапредувањето на економскиот статус на жената, објави граоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Додаде дека со потпишувањето на Декларацијата за унапредување на женското претприемништво ја сал неговата поддршка на политиките и мерките за економско зајакнување на жената и ги презентирал неговите планови во оваа област кои предизборно им ги ветил на жените од општина Струмица, а тоа се развој на женското претприемништво и формирање на Здружение на бизнис жени.
-Тоа значи максимален влог во создавањето на поволна бизнис клима и поддршка на бизнис идеите на жените. Затоа ги охрабрувам сите жени со претприемнички дух да бидат креативни, упорни и да ги искористат своите потенцијали, стои во објавата на Костадинов.