„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Почна исплатата за штетата од пожарот во „Глобал“
-Денеска споделувам убава вест за нив. Започна исплатата на помошта од Владата на Република Северна Македонија. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
-Животот носи непредвидливи настани, и добри и лоши, но и едните и другите се искуства кои не прават уште поцврсти и похрабри.Лошите работи, несреќите и трагедиите, предизвикуваат голема болка и загуба, но кога заедницата не те остава сам и ти подава рака за помош, полесно се поднесуваат.Општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија не ги остави сами и не ги заборави сопствениците на дуќани кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година, додаде Костадинов.
Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.