fbpx

Советот на општина Василево донесе одлука за изработка на урбанистички проекти за фотоволтаици

 Советот на општина Василево донесе одлука за изработка на урбанистички проекти за фотоволтаици

Во општина Василево, на четири локации од кои  две во населеното место Нова Маала и по една во населените Ангелци и Добрашинци, планирана е изградба на соларни фотоволтаични електрани.

За таа цел, на последната  одржана седница,  на предлог на градоначалникот, Советот на општина Василево ги усвои предложените Иницијативите за изработка на урбанистички проекти во населените места Добрашинци, Нова Маала и Ангелци, со намена површински соларни и фотоволтаични електрани. 

Како што стои во предлогот доставен до Советот, целта на урбанистичкиот проект е урбанизација на планираниот опфат со дефинирање на сите архитектонско урбанистички параметри за уредување на просторот со формирање на градежни парцели  со намена Е1-13 површински соларни фотоволтаични електрани.

Share via
Copy link