fbpx

Ловното друштво „Беласица“ го стопира ловот на дива свиња

 Ловното друштво „Беласица“ го стопира ловот на дива свиња

После сета бука што се крена околу продолжувањето на сезоната за одстрел на дива свиња, овде јасно сега го искажуваме ставот на одговорните лица во ЛД “БЕЛАСИЦА”.Иако законот дозволува лов на дива свиња, БЕЛАСИЦА ќе го СТОПИРА ловот. Време е за одмор и на ловците, а на дивечот му е потребен мир после сезоната, објавија од струмичкото ловно друштво.

Период е кога се размножува дивечот, а нашата цел е заштита на дивечот, а не уништување. Вие како ловци треба да покажете култура и свесност на младите генерации. Време е да се исчистат и пакуваат оружјата, па ќе почекаме да дојде Октомври. До тогаш дружете се на маса со по некоја чашка и споделете спомени и искуства од сезоната која помина. Така и жарот за лов повеќе ќе се зголеми за идната сезона, стои во објвата на Ловното друштво „Беласица“.

Share via
Copy link