„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведени двајца дилери, полицијата им пронашла кокаин
На 19.02.2022 во 22.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.И.(46) од село Добрашинци, струмичко и А.Т.(28) од Струмица. При преглед во возилото „сеат леон“, во кое се превезувале, бил пронајден и одземен кокаин.
На 20.02.2022, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.И. во село Добрашинци, при што пронашле и одзеле шприцеви со темно кафеава течност.
Против А.И. била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а судија на претходна постапка од Основен суд Струмица му определил мерки на претпазливост.
По документирање на случајот и против А.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.