„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
ЕУ амбасадорите во посета на Галеријата на икони
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, по повод првиот роденден на „Европската куќа“ заедно со делегацијата амбасадори составена од Дејвид Гер,амбасадор на Европската Унија, Џулијан Васало,заменик-амбасадор на Европската Унија, Анке Холштајн,амбасадорка на Германија, Милан Предан амабасадор на Словенија, Нивeс Тингањ,амбасадорка на Хрватска и Димитар Карастојанов заменик амбасадор на Бугарија ја посетија Галеријата на икони во црквата „Свети петнаесет“ заедно со археолошкиот локалитет.
Таму беа беа пречекани од кустосот и домаќин Ванчо Тркалевски и заедно со археологот Зоран Рујак им беа претставени иконите и стиловите на кои се цртани и од кој период потекнуваат. На гостите им беше претставен и археолошкиот локалитет составен од три цркви подигнати во различни периоди.
Гостите ја искажаа сојата благодарност за топлиот пречек и посакаа што поскоро повторно видување.