fbpx

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица

 Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица

По пауза од две години Струмичката Православна Епархија повторно организираше свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на Струмица.

Иконата синоќа беше изнесена од Црквата „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и пренесена во црквата „Свети Димитриј и Свети Григориј Палама“, од каде претпладне беше донесена на Плоштадот „Гоце Делчев“.

Share via
Copy link