„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Рускиот коректор Александер Злобин потпиша нов договор со Струмица Никоб
Македонскиот одбојкарски шампион Струмица Никоб, засилено го подготвува тимот со кој годинава ја враќа македонската клупска одбојка на европската карта. Струмичани се македонски преставници во ЦЕВ Лигата на шампионите и веќе во септември го чекаат првото квалификациско коло во кое ќе имаат двомеч со холандски Динамо Апелдорн.
Деновиве управата на нашиот шампион успеа да договори нова едногодишна соработка со рускиот интернационалец, коректорот Александер Злобин, кој ќе биде исклучително важен во играта на тимот во двомечот со Холанѓаните. 23-годишниот Злобин беше младински репрезентативец на Русија и со својот ангажман покажа дека е исклучително важен дел од составот на Струмица Никоб.
Струмичани се уште немаат договор со Тунижанецот Бен Талеб, додека средниот блокер Меирелеш си замина, па тимот е во преговори и со два нови средни блокери.