fbpx

Сончево со умерена облачност, температурите до 30 степени

Времето во Македонија во вторникот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 8.

Минималните утрински температури се движат од 7 степени во северните и западните планински области, околу 13 степени на југозападот и во централниот дел од земјата до 16 Целзиусови степени на југот. Соодветно, максималните дневни температури ќе бидат во интервалот од 20 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денска ќе се задржи претежно сончево време со умерена облачност. Утринската температура е 12 а максималната дневна ќе достигне до 28 Целзиусови степени.

Share via
Copy link