fbpx

Градоначалникот Костадинов присуствуваше на турнир во пеливанско борење во Костурино

 Градоначалникот Костадинов присуствуваше на турнир во пеливанско борење во Костурино

Градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на традиционалниот турнир во пеливанско борење во Костурино.

– Костурино беше и останува најпеливанското село во општина Струмица. Тоа го докажа и денес со одржувањето на традиционалниот турнир во пеливанско борење, кој секоја година се случува на празникот Петровден. Нема поубаво нешто од таквото негување на долгогодишната традиција и од љубовта кон оставнината на претходните генерации. Во тоа се уверив денес при посетата на Костурино, уживајќи во мајсториите и убавините на овој спорт. Беше тоа извонреден спој на празнувањето, спортувањето и негувањето на мултиетничноста. Им честитав од срце на организаторите и пеливаните за нивниот влог во турнирот, како и на жителите на Костурино за денешниот празник, објави Костадинов.

Share via
Copy link