„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Senidah и Kristijan Molnar на големата Get EXITed забава во Струмица, влез слободен!
Get EXITed забавата, која ќе се одржи на 7. Септември во Големиот парк во Струмица, носи во овој македонски град возбудливи светски и регионални имиња! На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера Kristijan Molnar. Наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен! Get EXITed во преубавиот град Струмица го најавува започнувањето на Exit фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година.
Deborah De Luca, по потекло од Наполи спаѓа во водечките женски техно ѕвезди со армија на фанови! Својот енергичен и тврд техно звук неодамна го потврди со албумот „She Sleeps“, кој го објави под сопствената издавачка куќа Solamente Records. Зад себе има импресивни сетови, а само некои од нив се за Cercle пред францускиот дворец Шамбор, потоа сет во соработка со престижниот светски магазин Mixmag, снимен на врвот на наполските станбени згради познати во светот од серијата „Гомора“, како и оној за Beatport, на Диего Армандо Марадона стадионот. Само овие сетови заедно бројат преку 30 милиони прегледи, а Дебора Де Лука на Инстаграм има скоро два милиони следбеници! Овие бројки само го потврдуваат изборот на реномираниот светски магазин DJ Mag, кој во 2020 година ја прогласи Дебора меѓу 100-те најдобри DJ-и во светот! Легендарниот Pete Tong во BBC Radio 1 Essential Mix во 2019 година ја претстави како „техно кралица на Наполи“. Deborah De Luca во изминатите години ги надмина италијанските граници, а сега своето музичко искуство и харизма го носи во Струмица!
Mahmut Orhan комбинира deep house, groovy indie dance и етно збук, а во 2016 година направи вистинска еуфорија на музичката сцена со објавување на нумерата „Feel“ (feat. Sena Sener), која денес брои близу пола милион прегледи и стримови на YouTube и Spotify. Кариерата Махмут Орхан (Mahmut Orhan) ја заслужи со неговиот непогрешлив талент за правење хитови, кои заедно собраа вртоглави милијарда прегледи. Како еден од најперспективните изведувачи на dance музиката на денешницата, Mahmut Orhan во последните неколку години стана задолжително име на водечките светски фестивали, а во Струмица ги носи своите мегахитови директно од светските топ листи!
Фантастичната Senidah стабилно маршира на домашната трап сцена во последните пет години. Нејзиниот глас е специфичен и суров, музиката е силна и нежна истовремено, додека на сцена зрачи со неверојатна енергија и бестрашно плива во контрасти од најсилната балканка до ранливата Слаѓана. Соработката со имиња како Цоби, РАФ Камора и Атлас Еротика (Coby, RAF Camora и Atlas Erotika) ја издвои на сцената како камелеон подготвен да ѝ даде на публиката сè што има. Најновиот сингл „Behute“ е уште еден доказ за нејзината различност, а 28 милиони прегледи на YouTube за половина година се уникатно љубовно писмо до нејзината публика.
Kristijan Molnar смета дека спаѓа во категоријата љубопитни диџеи, па неговите настапи се полни со свежа и разновидна музика. На репертоарот на еден од водечките DJ-и во Србија се melodic и deep techno, twisted disco, NYC house, weirdo-dark, modern wave, bitter beats, sweet soul и други необични стилови, а таква музика промовира и на својата влијателна радио емисија која се емитува на националното Радио Белград.
Deborah De Luca, Mahmut Orhan, Senidah и Kristijan Molnar ги здружуваат силите за да донесат разновиден и енергичен звук во прекрасниот Голем парк на Струмица. Get EXITed забавата започнува во 21:00 часот и ќе трае до 06:00 часот.