fbpx

Општина Струмица објави јавен повик за поддршка на младински иницијативи – Старт ап за млади за 2022/2023 година

 Општина Струмица објави јавен повик за поддршка на младински иницијативи – Старт ап за млади за 2022/2023 година

Општина Струмица објави јавен повик преку кој ги повикува сите млади невработени лица кои имаат намера да започнат свои сопствени бизниси да се пријават на јавниот повик заради нивно вклучување во процесот на зајакнување на нивните капацитети.

Целта е да се поттикнат и охрабрат младите невработени лица од општина Струмица да се вклучат и да се здобијат со можност за користење на општинска финансиска поддршка и воедно оспособат за аплицирање и користење на мерките од Владата на Република Северна Македонија преку Агенцијата за вработување, подрачна единица Струмица.

На избраните 20 кандидати во рамките на процесот во периодот од 2 месеци ќе им биде овозможена соодветна експертска обука во рамки на четири модули:

  • Вовед во претприемништво и претприемачки начин на водење бизнис
  • Бизнис план и деловно планирање
  • Финансиски аспекти на водење бизнис
  • Маркетинг и промоција на претприемачки бизниси

Најдобрите бизнис планови ќе бидат финансиски поддржани со по 60.000 денари, а на останатите во периодот од 9 месеци од стартувањето ќе им биде овозможена стручна менторска поддршка на функционирањето на нивните сопствени бизниси.

Јавниот повик е со важност од 20 дена од денот на објавување на јавниот повик (13.09.2022) година.

Повеќе информации може да најдете на следниот линк.

Share via
Copy link