fbpx

Полицијата кај струмичанец пронајде амфетамин и марихуана

 Полицијата кај струмичанец пронајде амфетамин и марихуана

На 12.10.2022 година во 00.50 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Р.Б.(33) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со амфетамин и марихуана.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Струмица

Share via
Copy link