fbpx

Полициски билтен: пронајдена граната во Нов Дојран, уапсен жител на Штука

 Полициски билтен: пронајдена граната во Нов Дојран, уапсен жител на Штука

На 16.10.2022 година во 12.25 часот во Полициско одделение Нов Дојран, И.К. од Нов Дојран пријавила дека на улица „Крсте Петков Мисирков“ во Стар Дојран била пронајдена граната. Увид на местото извршил инспектор од Дирекција за заштита и спасување Струмица, при што било утврдено дека станува збор за неексплодирана граната, калибар 75 мм, која потекнувала од Првата светска војна и која е безбедно подигната.

На 16.10.2022 година во 18.15 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица го лишиле од слобода П.Ц. (42) од село Штука, струмичко, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени задачи. За случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link