fbpx

Полициски билтен:Еден загинат и тројца повредени во сообраќајки во Струмичко и Богданци

На 19.11.2022 околу 18.20 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат Ново Село – село Мокриево, струмичко, С.С.(45) од с.Мокриево, управувајќи патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал сопатникот С.Т.(38) од с.Мокриево, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Возачот С.С. и сопатникот Д.Д.(44) од с.Мокриево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Струмица.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Струмица.

На 19.11.2022 во 18.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат 1109 во Богданци, Ј.М., управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во запрено товарно возило „сканија“ со полуприколка, управувано од А.Г..

Во несреќата, Ј.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.

Увид извршила екипа од Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител.

Share via
Copy link