„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Се чистат атмосферските канали во Општина Струмица
Деновиве се врши чистење на атмосферски канали во Општина Струмица.Во моментот се чисти каналот „Крушевска Република“ на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања и атмосферските канали во населеното место Муртино.
-Продолжуваме понатаму со река Тркања во опфат на село Градско Балдовци и отворениот дел од каналот Крушевска Република во урбаниот дел од градот. Согласно динамиката и временските услови ќе се работи и на река Водочница во опфатот на град Струмица и други атмосферски канали во населените места, стои во објавата на Општината.