fbpx

Возач потешко повреден по излетување на патот меѓу Богородица и Стојаково

Денеска во 04.20 часот било пријавено дека на локалниот пат помеѓу селата Богородица и Стојаково, патничко возило „фолксваген бора“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(22) од село Стојаково, излетало надвор од коловозот, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гевгелија.

Бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Share via
Copy link