fbpx

Приведен кавадарчанец, превезувал 8 мигранти

 Приведен кавадарчанец, превезувал 8 мигранти

Синоќа околу 1 часот по полноќ, на место „Македонија пат“ на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода М.К.(42) од Кавадарци, соопштија од МВР.

При контрола на патничко возило „мазда 6“, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати 8 лица – мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Фото: архива

Share via
Copy link