fbpx

Фатени лица кои вршеле јавен превоз без документација

Денес (26.08.2023 година) во времето од 00.30 до 03.00 часот на место викано „Слобода“ на магистрален пат А4 Струмица-Радовиш, полициски службеници од Полициската станица за безбездност на патниот сообраќај Струмица запреле комбе „мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од А.С. (20) од село Радовo, струмичко, комбе „форд“ со струмички регистерски ознаки, управувано од П.А. (50) од село Пиперево, струмичко и комбе „мерцедес“ со струмички регистерски ознаки, управувано од А.Ј. (22) од Радовиш.

При контрола било утврдено дека лицата со возилата вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Share via
Copy link