fbpx

Струмичанец криумчарел 28 мигранти од Сирија

 Струмичанец криумчарел 28 мигранти од Сирија

Вчера во 19:00 часот на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица при Регионален центар за Гранични работи Југ е лишен од слобода Р.К.(32) од Струмица. Во товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија кои ги превезувал, соопштија денеска од МВР.

За настанот е известен Јавен обвинител, а лицата мигранти се сместени во Центар за странци Гази Баба Скопје и ПТЦ Винојуг Гевгелија за понатамошна постапка.

Р.К. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Неготино и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „криумчарење на мигранти“ казниво по чл. 418 б од Кривичниот законик.

Фото:архива

Share via
Copy link