fbpx

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Курбан Бајрам

 Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Курбан Бајрам

Драги мои сограѓани од исламска вероисповед,

Вашиот Курбан Бајрам, еден од двата Ваши најголеми празници, нека ги исполни сите Ваши желби и стремежи за потчинување и доближување до Бога, за да ја добиете за возврат неговата љубов и милост.

Празнувањето нека ви биде убава можност за победа на доброто над злото, на љубовта над омразата и на хуманоста над егоизмот.

Нека ви се исполнат Вашите молитви за здравје, мир, спокој, хармонија и благосостојба во вашите семејства, но останете доследни и на Вашето милосрдие, единство, заедништво, толерантност и хуманост. Подадената и примената рака нека бидат и понатаму дел од Вас.

Нека ви е честит и вековит Курбан Бајрам!

BAJRAM SERIF MUBAREK OLSUN!

Share via
Copy link