„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Марјан Ристовски Швајц ново име во тимот на Брера Струмица
Марјан Ристовски од следната натпреварувачка сезона ќе го облече дресот на Брера Струмица.
Управата на струмичани и овој 27 годишен фудбалер се договорија да биде дел од нивниот тим и со стартот на подготовките за новата сезона, да се стави на располагање на стручниот штаб предводен од Бојан Круљ.
Марјан Ристовски потекнува од Гевгелија, а во својата кариера има настапувано за повеќе македонски клубови. Тој во Струмица доаѓа од Вардар каде во последната сезона одигра 29 натпревари постигнувајки три гола и запишувајки седум асистенции.Претходно Ристовски има настапувано за Силекс, Работнички, Борец, Тиквеш и Кожуф.