И годинава ќе се одржи Бадникарски концерт на плоштадот „Гоце Делчев“
За едно семејство месечните трошоци во јули изнесувале 60.570 денари
Како што објави Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно семејство во јули изнесувале 60.570 денари и во споредба со јуни трошоците се зголемени за 245 денари.
Според новата методологија на пресметување на синдикалната кошничка, со изнајмен стан од 60 квадрати трошоците се зголемуваат на 75.945 денари.
Вообичаено, најмногу пари се потребни за храна за што во јули за основните потреби биле потребни 22.008 денари, додека за режиски трошоци биле потребни 6.014 денари.