„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Приведен побегнат затвореник откако излетал од патот со украдено такси возило
Вчера околу 09:00 часот на локалниот пат во село Добрашинци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Е.(25) од Струмица. Тој, управувајќи патничко возило „цитроен“, сопственост на такси компанија, кое претходно го одзел во Струмица, изгубил контрола и со возилото излетал од патот.
Подоцна, при проверка во оперативната евиденција, било констатирано дека М.Е. бил баран по потерница за доиздржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела по член 235 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната .