fbpx

Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај село Борисово

 Двајца повредени во сообраќајна несреќа кај село Борисово

Вчера во 18:40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во село Борисово-струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од О.Д.Г.(37) од село Банско-струмичко и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Т.(48) од с.Мокрино-Општина Ново Село, соопштија денеска од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.Д.Г., а со телесни повреди се здобил А.Т., констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Share via
Copy link