fbpx

Владо Милев е избран за потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија

 Владо Милев е избран за потпретседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Одбојкарската федерација на Македонија одржа редовно изборно собрание на кое Петар Јовановски е ре-избран за Претседател на федерацијата.

Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од, Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, а тоа е поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со што ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.

Share via
Copy link