Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 25 мај

 Фолк фест „Валандово“ ќе се одржи на 25 мај

Денеска во Валандово се одржа пред конференција на која беше најавено годинешното издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни #ФолкФест#Валандово2025 кој своето прво издание го забележа пред 40 години.

Фестивалот ќе се одржи на 25 мај (недела), со една натпреварувачка вечер, на која ќе бидат претставени 22 новосоздадени фолк композиции, кои денес беа распоредени преку жребување.

Изборот на победничка песна ќе го одлучува присутната публика во фестивалската сала “Јанко Узунов” и стручно жири.

Во ревијалниот дел од фестивалската вечер, свој настап ќе има доајенот на македонската фолк песна, Перо Христов.

Како дел од претфестивалската програма, на 23 и 24 мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе настапат Кико Болеро и Болеро бенд, Сузана Спасовска, Тамара Тодевска, Ike De Koka, Тyzee и Каролина Гочева, како реномирани изведувачи од македонската сцена.

Share via
Copy link