(ВИДЕО) Тепачка со секира во центарот на Струмица

 (ВИДЕО) Тепачка со секира во центарот на Струмица

Снимка на која се гледа физичка пресметка меѓу две лица, од кои едното држи секира, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Инцидентот се случил вчеравечер во центарот на Струмица и ескалирал од вербална расправија во отворена тепачка на улица.

На видеото јасно се гледа како едно од лицата замавнува со секира кон другото, кое возвраќа физички. Меѓу нив се наоѓа и жена која се обидува да ги раздвои, но ситуацијата дополнително ескалира. Поради бруталноста на сцената, граѓаните кои го снимале настанот се повлекле, стравувајќи за сопствената безбедност.

Според коментарите на социјалните мрежи, овој инцидент е кулминација на долгогодишен проблем во градот, поврзан со лица кои агресивно просат, ги вознемируваат минувачите и вклучуваат деца во собирање пари.

Во моментот не е познато дали случајот е пријавен во полиција, ниту дали надлежните институции презеле некакви мерки. Во меѓувреме, граѓаните преку социјалните мрежи бараат итна реакција и зголемена безбедност во централното градско подрачје.

Видеото е преземено од ФБ порталот „Струмица онлајн“.

Share via
Copy link