Реакција на струмичкото ВМРО ДПМНЕ на вчерашното соопштение на СДСМ-Струмица
Реакција на струмичкото ВМРО ДПМНЕ на вчерашното соопштение на СДСМ-Струмица
интегрален текст на реакцијата
Владата на ВМРО-ДПМНЕ доби пресуда за рудникот Казандол во корист на државата, a за таква пресуда во времето на СДСМ гласноговорници блиску владата на СДСМ не убедуваа дека државата ќе плаќа високи штети, а реалноста беше дека криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ правеше милионски дилови со рудници, а македонското правосудство молчеше за истите.
Министерот од ДУИ Крешник Бектеши и Владата на СДСМ спојуваа концесии, СДСМ водеа лицемерна политика наштетувајќи во борбата против рудници.
Додека општинските совети во регионот гласаа одлуки против рудници, Марјан Даскаловски и советниците на СДСМ чекаа насоки од Ковачевски и избегнуваа гласање во Советот на Општина Струмица.
Даскаловски нема простор за креирање мислење дека е загрижен за екологијата во Струмица. Како дведецениски креатор на политики во Струмица, градот е на врвот во Европа по аерозагадување, ѓубрето во градот е насекаде, со нерешено прашање на депониите, а градот во 21 век остана без чиста вода за пиење.
Потребни се промени во Општина Струмица!