Учениците од „Никола Карев“ ќе ги санираат оштетените 190 клупи за седење во Градскиот парк
Лишен од слобода маж од Струмичко поради подметнување пожар

Полициски службеници од СВР Струмица вчера го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од селото Василево, поради сомнение дека предизвикал пожар во атарот на истото село.
Според информациите од МВР, на 20 септември околу 12:00 часот, осомничениот подметнал оган на место викано „Џидет“, при што била зафатена нива со сува вегетација. Пожарот бил навремено изгаснат од Територијалната противпожарна единица – Струмица, а повредени лица нема.
Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и инспектор за пожари. Е.А. е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица.
„По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од МВР.