Петар Јанков:синоќа имавме промоција на надежта, на новата иднина за Струмица

 Петар Јанков:синоќа имавме промоција на надежта, на новата иднина за Струмица

Драги мои Струмичани,

Синоќа го почувствував најубавото нешто што може да му се случи на еден човек – силата на народот кој верува, кој сака промени и кој стои обединет и ми ја дава поддршката.

Благодарам за секој Ваш аплауз вечерва, за секој стисок на рака, за секој збор, за поддршката и за енергијата што ја споделивме заедно.

Оваа вечер не беше само промоција на мојата кандидатура и Листата на советници – ова беше промоција на надежта, на новата иднина за Општина Струмица. Вие ми ја дадовте честа и обврската да бидам вашиот глас и вашата сила, а јас ве уверувам дека нема да ве изневерам. Ќе бидам постојано меѓу луѓето и ќе работам со срце и одговорност.

Ова е нашата заедничка приказна. А приказните што се пишуваат со љубов и верба – секогаш завршуваат со победа.

Од срце Ви благодарам!,објави кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Струмица, Петар Јанков по синоќешната промоција.

Share via
Copy link