Панче Стојанов е нов кормилар на Беласица

 Панче Стојанов е нов кормилар на Беласица

Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб од денес, откако завчера Беласица и Александар Стојанов спогодбено се разделија, соопштија денеска од ФК „Беласица“

Панче Стојанов е добро познат на македонската фудбалска јавност во земјава и како играч и како тренер. Како тренер ja предводеше некогашната Академија Пандев, а во поново време беше помошен тренер, а и шеф на стручен штаб на АП Брера.

Како играч настапуваше за Беласица, Силекс, Ренова, Хоризонт Турново, Работнички.

Фото: архива

Share via
Copy link