Заради сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш сообраќајот во прекин повеќе од 4 часови

Денеска од 14:46 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, заради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин и се пренасочува по регионалниот пат Радовиш – Струмица, информираа од АМСМ, а пред малку соопштија дека од 19:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Радовиш е нормализиран.
Од СВР Струмица потврдија дека има сообраќајна несреќа, но повеќе детали најавуваат за утре.
Како што дознаванме неофицијално сообраќајката се случила кај клучката за селата Добрашинци и Нова Маала.