Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица на соопштението на СДСМ Струмица
СДСМ Струмица:Локалната власт во Општина Струмица целосно потфрли во извршувањето на своите основни законски и договорни обврски

Интегрален текст од соопштението на ОО СДСМ Струмица
Локалната власт во Општина Струмица целосно потфрли во извршувањето на своите основни законски и договорни обврски, оставајќи ги граѓаните во небезбедна и понижувачка состојба.
Градот е преполн со опасни дупки на улиците и тротоарите, кои секојдневно предизвикуваат штети на возила и сериозен ризик по безбедноста на пешаците, децата и повозрасните лица. Ова е системски колапс на локалното управување.
Посебно загрижува фактот што постои важечки договор за крпење (асфалтирање) на ударни дупки и ровови на локалните патишта и улици на територија на Општина Струмица, со вкупна вредност од 2.489.800 денари со ДДВ, финансиран од општинскиот буџет и потпишан од надлежните институции. Договорот предвидува јасни обврски, рокови и динамика за извршување на работите.
И покрај тоа, на терен нема никаква реализација.Ниту најосновните интервенции не се спроведени. Граѓаните не гледаат резултати, а улиците остануваат небезбедни.Ова повеќе не може да се оправдува со бирократски изговори.
Ова е директна неодговорност.
Ова е занемарување на јавниот интерес.
Ова е злоупотреба на довербата на граѓаните.Ги повикуваме надлежните во Општина Струмица:Јавно да објаснат зошто договорот не се реализира.Итно да започнат со санација на ударните дупки.Да сносат политичка и институционална одговорност за настанатата состојба.Нашиот град не смее да биде симбол на запуштеност и негрижа.Се што се градеше сите овие години вие за три месеци го уништивте.Граѓаните бараат безбедни улици и одговорна локална самоуправа. Доста е со молчење. Доста е со неспособност. Време е за конкретни дела и работа.