Реакција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струмица на соопштението на СДСМ Струмица

 Реакција на ОК  ВМРО-ДПМНЕ Струмица на соопштението на СДСМ Струмица

Во последно време одредени политички центри соочени со немоќ и во политичка изолација како казна од народот, очајно се обидуват да се вратат на политичката сцена.

Се служат со ширење на разни лажни вести, со морализирање и наводна загриженост за стандардот на граѓаните на Струмица.

Сега им текна на СДС во Струмица дека на улиците има дупки, дека воздухот е загаден и дека во Струмица и населените места има многу проблеми.

Секоја чест на струмичани што на Локалните избори им ги отворија очите на раководството на СДС. Па сега може да видат до каде ја довеле Струмица и до каде ја доведоа сопствената партија.

И добро е што за многу брзо време почнаа да ги гледат своите грешки.

Инаку логичкото образложение за дупките на улиците е во временските услови и во новиот пристап кон овој проблем од страна на новите раководства на општината и претпријатијата.

Новото раководство од ВМРО- ДПМНЕ ги повикува сите сограѓани да бидат вклучени во проблемите, да ги изнесуват сите проблеми и евентуално да предложат свои идеи и решенија.

Кога се работи од срце и чесно ќе се завршат сите работи кои се ветени и заедно ќе реализираме многу работи битни за Струмица.

Share via
Copy link