Денеска се навршуваат 83 години од смртта на првоборецот Герас Цунев
Денеска се навршуваат 83 години од смртта на првоборецот Герас Цунев

-Почитувајќи ги историските вредности и придонеси на храбрите струмичани за слободата којашто ја имаме, на одбележувањето во малиот градски парк, присуствуваше градоначалникот Петар Јанков кој во знак на почит кон делото на Цунев положи свежо цвеќе пред Спомен бистата подигната во негова чест, соопштија од Општината.

За животот и делото на Герас Цунев, пред неговите почитувачи зборуваше Соња Чурлинова претседател на Општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ и граѓани продолжувачи, а беа доделени и наградите на ученици со најдобри творби посветени на Герас Цунев.