Околу 50 грама кокаин пронајдени кај струмичанец, судот му определи притвор
Околу 50 грама кокаин пронајдени кај струмичанец, судот му определи притвор

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.П.(68) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик, информираа денеска од овој сектор на МВР.
Како што се наведува, на 02.04.2026 во Струмица од страна на полициски службеници од СВР Струмица при преглед на Б.П. и патничко возило со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени пакувања со околу 50 грама кокаин. Лицето беше задржано во полициската станица Струмица, а по предлог на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Б.П. е изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Фото: илустрација архива