Почивалец: Во Воиславци се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици
Почивалец: Во Воиславци се решава еден од најголемите инфраструктурни предизвици

-Воиславци добива регулација на речното корито – повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите на ова населено место.Со зафаќањето и уредувањето на суводолицата (поројот), кој при интензивни врнежи од дожд претставуваше сериозен ризик, се решава еден од најдолготрајните инфраструктурни предизвици во селото, објави градоначалнкот на Радовиш. Љупче Почивалец..
-Градежните активности се во завршна фаза и опфаќаат делница во должина од 156 метри. Во наредната фаза е предвидено започнување со изградба на улица по трасата на поројот, во должина од 640 метри.Со оваа инвестиција значително се подобрува безбедноста, се намалува ризикот од поплави и се создаваат услови за поквалитетен живот за жителите на Воиславци, напиша градоначалникот на Радовиш.