Полициски билтен:потешко повреден возач во сообраќајка, тројца возеле без возачка дозвола

 Полициски билтен:потешко повреден возач во сообраќајка, тројца возеле без возачка дозвола

На 12.05.2026 околу 19:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница, на делницата од с.Вељуса до с.Баница, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(60) од Струмица, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.

На 12.05.2026 во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода К.В.(21) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувала К.В. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Ноќеска (13.05.2026) во 00:05 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишија од слобода Н.К.(58) од село Казандол, валандовско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ без регистарски ознаки, кое го управувал Н.К. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола и возилото било нерегистрирано. Возилото е одземено, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Ноќеска (13.05.2026) во 00:09 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија ја лишија од слобода Ѓ.Ѓ.(52) од Гевгелија. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед со гевгелиски регистарски ознаки, кој го управувал Ѓ.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Мопедот е одземен, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

Share via
Copy link