Градоначалникот Петар Јанков присуствуваше на традиционалното пеливанско борење во Куклиш по повод Св. Атанасиј

 Градоначалникот Петар Јанков присуствуваше на традиционалното пеливанско борење во Куклиш по повод Св. Атанасиј

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, придружуван од својот тим, соработници и општински советници, денеска присуствуваше во населеното место Куклиш на одбележувањето на празникот Свети Атанасиј и традиционалниот турнир во пеливанско борење.

Настанот, кој се одржува во духот на долгогодишната традиција и како израз на почит кон празникот, и оваа година предизвика голем интерес, собирајќи значителен број натпреварувачи и посетители од регионот. Турнирот во пеливанско борење претставува значаен белег за културниот живот во ова струмичко населено место.

По повод настанот, од локалната самоуправа истакнаа дека остануваат посветени на негувањето на ваквите собири.

„Општина Струмица и понатаму ќе продолжи континуирано да ги поддржува манифестациите кои ја негуваат традицијата и кои имаат клучен придонес за зачувување на културниот идентитет на општината“, порачаа од кабинетот на градоначалникот.

Share via
Copy link