Мечка се движи во струмичко, ловочуварите ја следат

ЛД „Беласица“ Струмица информираше дека животното се движи на потегот меѓу селата Рич и Липовиќ. Ловочуварите се на терен за да ја следат ситуацијата и да ја осигураат безбедноста на населението, како и заштитата на самата мечка.
Од Ловното друштвом апелираат:Ве молиме на крајна претпазливост! Избегнувајте движење сами во раните утрински или доцните вечерни часови.
Доколку работите на нивите, бидете гласни за да го најавите вашето присуство.
Не оставајте храна која може да го привлече животното во близина на куќите.Бидете претпазливи во природата!
Инаку, траги од мечката беа забележани пред два дена во атарот на село Вељуса.