Струмичките основни училишта дел од Регионалната лига во мал фудбал
Струмичките основни училишта дел од Регионалната лига во мал фудбал

Општина Струмица со три основни училишта учествува во регионалната лига во мал фудбал за основни училишта. Училишните екипи се поделени во две групи, во турнирски систем и секоја од екипите е по еднаш домаќин на еден турнир.
Натпреварите се во тек, а најдобрите две екипи од секоја група ќе учествуваат на завршниот фајн фор турнир кој ќе се одржи во Валандово, каде ќе се знаат и победниците.
Овој спортски настан покрај натпреварувачкиот карактер значи и дружење, стекнување нови пријателства и создавање здрави спортски навики кај децата.