По 2.000 денари еднократна парична помош за секое прваче во Општина Струмица
По 2.000 денари еднократна парична помош за секое прваче во Општина Струмица

Семејствата од Општина Струмица чии деца за првпат ќе се запишат во прво одделение во учебната 2026/2027 година, ќе добијат еднократна финансиска поддршка од локалната самоуправа во износ од 2.000 денари.
Новата мерка, која има за цел да ги олесни трошоците на родителите пред почетокот на учебната година, е донесена по иницијатива на градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков.
Право на користење на оваа помош имаат сите семејства кои имаат постојано живеалиште на територијата на Општина Струмица и чие дете е запишано во некое од општинските основни училишта.

За остварување на правото на финансиска помош, граѓаните треба да поднесат Барање до градоначалникот. Кон барањето е неопходно да се приложи следната документација:
- Потврда за запишување во прво одделение за прв пат во учебната 2026/2027 година (заверена од основното училиште);
- Копија од извод од матична книга на родени за детето;
- Копии од лични карти на двајцата родители/старатели;
- Копија од трансакциска сметка на еден од родителите/старателите;
- Изјава за давање согласност за користење на лични податоци;
- Пополнет образец – Барање за еднократна парична помош за прваче.
Обрасците за изјавата и барањето се достапни за преземање на официјалната интернет-страница на Општината.
Целосната документација се доставува лично во Одделението за услуги на граѓаните и месна самоуправа при Општина Струмица. Пријавувањето се одвива секој работен ден во периодот од 08:00 до 16:00 часот.