Општина Струмица денеска ги тампонираше полските патишта во село Куклиш
Општина Струмица денеска ги тампонираше полските патишта во село Куклиш

Општина Струмица продолжува со теренските активности за уредување на руралната патна инфраструктура. Денеска, градежна механизација беше ангажирана на тампонирање и одржување на полските патишта во населеното место Куклиш, со што директно се олеснува пристапот до земјоделските површини за локалните земјоделци, информираа од Општината.
Во рамките на овие активности, екипите на терен извршија порамнување и тампонирање на клучни земјоделски делници кои се од значење за непречено одвивање на земјоделските работи.
Овие инфраструктурни зафати се реализираат како конкретни посочувања на земјоделците и програмата за работа.
Градоначалникот Петар Јанков оствари и директни средби и разговори со жителите на Куклиш, дискутирајќи за нивните потреби и начините на кои локалната самоуправа може дополнително да им ја олесни секојдневната работа и транспорт на земјоделските производи.
Подобрувањето на полските патишта претставува директна поддршка за земјоделството како една од најважните стопански гранки во регионот. Активностите за тампонирање ќе продолжат и во наредниот период, согласно утврдените приоритети.