Струмичката болница формираше Кабинет за менаџирање на дебелина

 Струмичката болница формираше Кабинет за менаџирање на дебелина

ЈЗУ Општа болница Струмица отвори нов Кабинет за менаџирање на дебелина, кој е опремен со современ апарат за проценка и следење на телесниот состав, информираат од јавната здравствена установа.

Новата здравствена услуга има за цел да обезбеди навремена превенција и ефикасен третман на дебелината, нудејќи му на секој пациент стручен и индивидуализиран пристап за подобрување на општата здравствена состојба.

„Со оваа нова услуга овозможуваме стручен, сеопфатен и индивидуализиран пристап во превенцијата и третманот на дебелината, со цел подобрување на здравјето и квалитетот на живот на нашите пациенти. Продолжуваме посветено да инвестираме во современа медицинска опрема и развој на здравствени услуги во интерес на граѓаните на Струмица и регионот“, се наведува во соопштението од струмичката болница.

Отворањето на овој кабинет е дел од континуираните напори на болницата за модернизација и унапредување на здравствената заштита за пациентите од југоисточниот регион.

Share via
Copy link