Ќе се прска против комарци во Југоисточниот плански регион

 Ќе се прска против комарци во Југоисточниот плански регион

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известува граѓаните дека во периодот од 8 до 10 јуни 2026 година ќе се спроведе прво прскање против возрасни комарци по земјен пат на територијата на општините во Југоисточниот плански регион. Оваа активност се спроведува со цел намалување на популацијата на инсектите и заштита на здравјето на населението.

Според утврдениот распоред, прскањето во општина Струмица ќе започне на 8 јуни во градското подрачје, додека на 9 јуни ќе бидат опфатени околните населени места. Во двата дена, третманот ќе се изведува во вечерните часови, со почеток од 22:00 часот.

Надлежните упатуваат посебен апел до пчеларите навремено да ги преземат сите потребни мерки за заштита на своите пчелни семејства. Истовремено, се замолуваат сите граѓани за време на третманот да избегнуваат непотребен престој на отворено во подрачјата каде што ќе се спроведува прскањето.

Од Центарот напоменуваат дека доколку временските услови не дозволуваат реализација на активностите во предвидениот термин, прскањето ќе биде одложено и навремено реализирано во првиот нареден поволен ден.

Share via
Copy link