НОВУС објави едукативна видео серија: „Финансиска писменост: Патот до финансиска независност“

Во насока на континуирана едукација и унапредување на вештините на младите, Центарот за истражување и анализи НОВУС објави нова едукативна видео серија насловена „Финансиска писменост: Патот до финансиска независност“. Видеата се креирани во рамките на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“.
Едукативната плејлиста се состои од четири епизоди кои се веќе јавно достапни на официјалниот YouTube канал на организацијата. Преку визуелен, едноставен и лесно разбирлив пристап, видеата ги обработуваат клучните концепти за правилно управување со финансиите.
Епизодите се конципирани да ги водат младите гледачи чекор по чекор: почнувајќи од основните концепти за лични финансии и воведот во финансиската независност, преку градењето навики за финансиски успех, сè до практичните чекори за остварување на зацртаните финансиски цели.
Овој мултимедијален материјал претставува практичен додаток на неодамна развиените експертски документи и успешно реализираната Академија за финансиска писменост. Со овој чекор, НОВУС заокружува еден сеопфатен пристап во едукацијата на младите лица, нудејќи им современи алатки за учење и развој на вештини кои се неопходни за нивната финансиска сигурност.
Видеата може да се гледаат на следниот линк: https://www.youtube.com/playlist?list=PLG9yF5ZlttSVcVfE_mcqv46Rk4n-zk78F
Проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас (Civica Mobilitas). Активностите се реализираат во партнерство со Центарот за развој и промоција „Промо Идеа“ и Здружението „КРУНА ПЛУС“ од Радовиш.