Светот влегува во ера на недостиг од бакар – Македонија сè уште не ги активира сопствените ресурси
Полициски билтен: семејно насилство во Гевгелија и Богданци, двајца малолетници се оддалечиле од хотел во Дојран

На 19.07.2026 во 21:35 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Љ.М.(67) од Гевгелија. Според пријавеното, тој агресивно се однесувал кон неговата 66-годишна сопруга, а претходната вечер во семејниот дом и физички ја нападнал, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ноќеска (20.07.2026) во 03:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.М.(49) од Гевгелија. Според пријавеното, тој ноќта 19/20.07.2026 во негов имот во атар на Богданци физички ја нападнал неговата 44-годишна вонбрачна партнерка, при што и нанел повреди на телото. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.07.2026 во 23:50 часот во Полициско одделение Нов Дојран, волонтер од Црвен крст пријавил дека две малолетни деца од „Мал групен дом“ во Кавадарци на возраст од 12 и 13 години се оддалечиле од хотелот во Дојран во кој престојувале на летување организирано од Центар за социјални работи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на децата.