Седумдесетгодишен струмичанец возел мопед со фалсификувана регистерска табличка

 Седумдесетгодишен струмичанец возел мопед со фалсификувана регистерска табличка

Вчера во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Струмица, при контрола во патниот сообраќај, сопреле мопед со струмички регистарски ознаки, кој го управувал Д.Б.(70) и по преземени мерки било констатирано дека го управува со регистерска табличка,  која не е издадена за мопедот кој го управувал, со што постои сомнение дека сторил кривично дело „фалсификување исправа“, соопштија денеска од СВР Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава

Share via
Copy link